
Натпреварот од петтото коло на Ла Лига меѓу Барселона и Хетафе нема да се игра на стадионот “Камп ноу”.
Завршувањето на реновирањето на оваа зграда сѐ уште се чека, а всушност, проблемот е само од административна природа и Барселона сѐ уште нема дозолва од одговорните лица за играње на натпревари на најголемиот стадион во Шпанија.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Барселона повикува на трпение од навивачите бидејќи целата процедура за враќање на стариот стадион бара сериозна документација и почитување на законот.
Значи, Барса и Хетафе, на 21 септември, играат на стадионот “Јохан Кројф”, на истото место каде што неодамна Валенсија загуби со резултат 6:0.
Уште една интересна работа, челниците на Ла Лига истакнаа дека никаде во Шпанија нема така квалитетен терен како што е на стадионот “Јохан Кројф”.