
Вчерашниот дуел од Лигата на шампионите помеѓу Реал Мадрид и Јувентус на стадионот Сантјаго Бернабеу донесе многу возбуда.
Реал Мадрид извојува минимална победа од 1:0, а единствениот гол го постигна Џуд Белингам во 57. минута.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
И покрај тоа што англискиот играч од средниот ред повторно беше клучна фигура и многумина очекуваа дека тој ќе биде избран за играч на натпреварот, УЕФА имаше друго мислење. Наградата за најдобар играч на вечерта му припадна на 20-годишниот Турчин, Арда Гулер, што го изненади и него самиот.
Гулер беше еден од највпечатливите играчи на Реал, учествувајќи во речиси сите нападни акции на тимот. Сепак, не очекуваше вакво признание, а неговата изненадувачка израз на лицето во моментот кога беше информиран за прогласувањето за играч на натпреварот, веднаш стана хит на социјалните мрежи.
Младиот репрезентативец на Турција, моментално настапува во својата трета сезона за Реал Мадрид. Со доаѓањето на Чаби Алонсо на клупата на кралскиот клуб, Гулер доби многу повеќе играчко време и стана важен дел од тимот. Да потсетиме, под раководството на поранешниот тренер Карло Анчелоти, ретко добиваше шанса, а минатата сезона беше дури и на прагот на заминување или позајмица.
Алонсо, сепак, го препозна неговиот талент и реши да му даде доверба, која сега, очигледно, се исплатува и за Реал Мадрид и за самиот Гулер.