Дома Фудбал Англија Урнебесна реакција на Колвил и Кукуреља на ВАР-снимката (Видео)

Урнебесна реакција на Колвил и Кукуреља на ВАР-снимката (Видео)

Челси извојува минимална, но значајна победа над Тотнем со 1-0 во лондонското дерби од 30. коло на англиската Премиер лига, освојувајќи драгоцени три бода во борбата за подобар пласман на табелата.

Стрелец на единствениот погодок на натпреварот беше Енцо Фернандез, кој успеа да ја затресе мрежата на ривалот и да донесе радост на навивачите на „сините“. Сепак, натпреварот не мина без контроверзии. Во 50. минута, Челси постигна уште еден гол преку Моисес Каиседо, но радоста траеше кратко. Судијата Крег Посон побара ВАР проверка и по увидената снимка донесе одлука да го поништи погодокот поради офсајд позиција.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Додека траеше прегледот зад ВАР мониторот, интересна сцена беше уловена од камерите – Леви Колвил и Марк Кукуреља љубопитно ѕиркаа зад судијата, а нивната реакција брзо се прошири на социјалните мрежи и стана вистински хит.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Реал на чекор од големо засилување

Дајо Упамекано е трансфер цел број еден на Реал Мадрид, пренесуваат шпанските медиуми.  Ре…