Дома Останати Тенис Урнебесен момент: Еден од најпознатите холивудски актери заспа во мечот на Ѓоковиќ! (Видео)

Урнебесен момент: Еден од најпознатите холивудски актери заспа во мечот на Ѓоковиќ! (Видео)

Тај-брејкот на мечот на Новак Ѓоковиќ? Ако го прашате Хју Грант, можеби ќе ви каже дека не бил ниту свесен дека се случил.

Новак Ѓоковиќ го загуби првиот сет од Флавио Коболи, а тоа го забележаа сите на Централниот терен… Добро, не баш сите. Тешко е да се поверува дека Хју Грант знаеше за моментот кога италијанскиот тенисер го доби тој сет во тај-брејк бидејќи камерите го фатија како спие.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Новак Ѓоковиќ започна добро и го поведе сетот со предност, но на крајот Коболи успеа да израмни и потоа да победи во тај-брејкот. Кога Новак зеде поен и ја намали предноста на противникот на 4:2, камерите се фокусираа на познатиот холивудски глумец.

Кадаротт се задржа на него, а со очила за сонце кои ги носеше, беше очигледно дека му падна главата и сигурно беше во длабок сон.

ВИДЕО МОЖЕ ДА ГО ПОГЛЕДНЕТЕ ТУКА

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Синер доби рекет од чисто злато – откриена е неговата вредност (Видео)

Јаник Синер доминантно ја одбрани титулата на турнирот „Шест кралеви“ со победа во финалет…