Шпанскиот фудбалер од редовите на Манчестер сити, Родри би можел да се врати на терените многу порано од она што се претпоставуваше.
Родри се здоби со повреда поради која беше најавено дека за него сезоната е завршена. Сепак, како што пренесуваат медиумите од Островот освојувачот на „Златната топка“ може да го видиме во најважниот дел од сезоната.
Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓
Имено, „Телеграф“ пренесува дека Манчестер сити би можел да го пријави Родри за нокаут фазата од Лигата на шампионите.
Манчестер сити во најелитното европско натпреварување го чека плеј-оф за место во осминафиналето, а во плеј-офот „граѓаните“ ќе се соочат со Реал Мадрид или Баерн Минхен, противник ќе биде познат на утрешната ждрепка.
Нема дилеми дека Родри кој е еден од најдобрите во светот на својата позиција би бил од огромна важност за гигантот од Манчестер во вториот дел од сезоната кога следуваат и најважните битки.