Стефан Даскалов за Спортски од Букурешт
Дефанзивецот на Украина, Олександар Тимчук кој настапува за Динамо Киев зборуваше од редовите на Украинците на денешната прес-конференција.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Тимчук порача дека и покрај поразот од Холандија натпреварот со Македонија го чекаат во добро расположение.
„Се уште до детали не сме ја анализирале играта на Македонија, меѓутоа нормално дека до почетокот на натпреварот стручниот штаб ќе обезбеди вистински информации за нашиот противник“.
Беше повреден, но сега е во ред.
„Почнав да тренирам сега се е во ред, сепак на селекторот ќе остане одлуката дали ќе настапам против Македонија. Атмосферата во нашиот тим е навистина добра. Атмосферата е позитивна и тоа е важно“, изјави Тимчук.
Натпреварот помеѓу Македонија и Украина се игра во четврток во 15:00 часот.