Дома Фудбал Tухел побесне за време на последниот пријателски натпревар

Tухел побесне за време на последниот пријателски натпревар

Англија успешно ја заврши последната подготовка пред Светското првенство, победувајќи ја Костарика со 3:0 во Орландо. Стрелачи беа Деклан Рајс во 9. минута, Ентони Гордон од пенал во 68-та и Оли Воткинс во 87-та минута. Сите погодоци можете да ги видите ТУКА. Ова беше последен тест за Англија пред натпреварот против Хрватска на 17 јуни во Далас, со кој ќе го започнат учеството на Мундијалот.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Иако селекторот на Англија, Томас Тухел, може да биде задоволен со резултатот, вниманието го привлече неговиот бес за време на натпреварот. Во 60-та минута, голманот на Костарика, Патрик Секирја, остана да лежи на тревата подолго отколку што Тухел сметаше дека е оправдано.

Тухел реагираше бурно, протестирајќи кон американската судијка Екатарина Королева, која го водеше натпреварот. Деталите од ситуацијата можат да се видат ОВДЕ. По натпреварот против Хрватска, Англија ќе се сретне со Гана на 23 јуни, а својот последен натпревар во групната фаза ќе го игра против Панама на 27 јуни.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Голема грешка пред почетокот на Светското првенство која ќе ги чини Аргентинците

Лионел Меси упати порака до противниците на Аргентина со извонредна игра во победата од 3:…