Дома Фудбал Тудор поблиску да го напушти Јувентус: Легендата на „старата дама“ знае кој е идеален наследник!

Тудор поблиску да го напушти Јувентус: Легендата на „старата дама“ знае кој е идеален наследник!

Јувентус има уште две цели до крајот на сезоната: да обезбеди место во следното издание на Лигата на шампионите, што е клучно за финансиската стабилност на клубот, и да напредува што повеќе може на првото издание на Светското клупско првенство, кое ќе се одржи во Соединетите Американски Држави од 14-ти јуни до 13-ти јули, пренесува Калчомеркато и го продолжува анализата.

За првенствените натпревари против Удинезе и Венеција, како и за настапите преку океанот, на клупата ќе биде Тудор, а што ќе биде потоа, се уште не е одлучено. Ова го истакна и спортскиот директор на Старата дама, Маурицио Сканавино:

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


“Тудор имаше многу позитивно влијание, добро работи со оглед на критичната ситуација и ограничениот кадар. Од почеток бевме јасни: заедно сигурно ќе го одработиме Светското клупско првенство, по што ќе одлучиме како да продолжиме, но моментално сме многу задоволни.”

Тудор е еден од кандидатите за тренер на Јувентус во сезоната 2025/26, но не е единствен. На списокот има и други кандидати, вклучувајќи го и Антонио Конте, кој не би бил рамнодушен пред можноста за враќање во торинскиот клуб, каде што беше истакната фигура и како играч и како тренер.

Тековниот тренер на Наполи, кој го напушти Јувентус во 2014, е единствениот тренер по Втората светска војна кој освоил три последователни шампионски титули, од кои последната беше со рекордни 102 бода, и во тој период освои две Италијански суперкупови. Вкупно го водеше Јувентус на клупата во 151 натпревар, со 102 победи, 34 ремија и само 15 порази.

Имајќи предвид дека Наполи се уште се бори за Скудетото, а Јувентус се бори за четвртото место, никој не сака премногу да се изјаснува, но веќе започнаа разговори. Според Ла Газета дело Спорт, главниот поддржувач на враќањето на Конте во Јувентус е Џорџо Киелини, кој минатата година се врати во клубот по години поминати во Лос Анџелес, САД.

Поранешниот стопер го познава Конте и верува дека тој е вистинската личност за да го врати клубот на врвот, кој во последните години поминувал низ подеми и падови, меѓу сложени клупски проблеми и слаби резултати на теренот. Со Конте би се вратил и Антонио Пинтус, актуелен кондициски тренер на Реал, за кого Јувентус веќе покажа интерес.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Милинковиќ-Савиќ ги повика критичарите по натпреварот со Сити: Каде сте сега?

Српскиот фудбалер за врска Сергеј Милинковиќ-Савиќ (30) ги повика своите критичари откако …