
Српскиот напаѓач Душан Влаховиќ моментално е во студени односи со тренерот Игор Тудор, но ситуацијата наскоро би можела да се промени.
Иако ова лето беше на излез од Јувентус, Влаховиќ остана, но сè уште игра во “втората постава” на Тудор, главно од клупата.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
По поразот од Комо, трпението на управата со Тудор истекува, а тренерот е на работ на отпуштање. Ќе добие последна шанса против Реал Мадрид во Лигата на шампионите, па против Лацио во Серија А.
Во клубот веќе работат на план Б, а главни кандидати за клупата се Роберто Манчини и Лучано Спалети, додека спортскиот директор Дамијен Комоли наводно се залага за германскиот тренер со хрватско-босанско потекло, Един Терзиќ.
Терзиќ ја изгради својата репутација како помошник на Клоп во Дортмунд, работеше и со Славен Билиќ во Бешикташ и Вест Хем, а како привремен главен тренер во Дортмунд го освои германскиот куп и минатата година речиси го донесе клубот до титулата во Бундеслигата.
Беше блиску до трансфер во Монако, но договорот не беше постигнат, така што сè уште е слободен. Ако дојде Терзиќ, можно е да дојде до големи промени во играчкиот кадар, па и во улогата на Влаховиќ во Јувентус.