
Хрватскиот тренер Игор Тудор со тимот на Јувентус доживеа пораз од Реал Мадрид со резултат 1:0 во рамките на третото коло од Лигата на шампионите.
Единствениот гол на натпреварот го постигна Џуд Белингам во 58-мата минута. Ова беше првиот пораз за Јувентус во сезоната во ова натпреварување. Тудор ги сподели своите впечатоци за Sky Sport Italia.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
„Момците се разочарани бидејќи сметаат дека заслужија барем еден гол. Чувствуваме жал, но сме на вистинскиот пат. Ми се допадна почетниот пристап и карактер, а очекувано е Реал Мадрид секогаш да врши притисок, но ние го постигнавме она што го подготвивме. Примивме гол поради неверојатниот индивидуален квалитет на Винисиус помеѓу тројца играчи, а потоа топката се одби од стативата,“ започна Тудор.
Задоволен е од играта
Тудор изјави дека вечерва побарал повеќе одлучност од своите играчи и забележал одреден напредок. „Секој треба да биде лидер во тимот и во тој контекст сме малку под она што би сакал да видам. Дојдоа многу нови играчи и загубивме некои искусни шампиони“, објасни тој и додаде: „Имаме некои силни и слаби страни, но мораме да веруваме во тимот бидејќи сме на добар пат. Споредбите со минатото не помагаат, но мораме да ги прифатиме.“
Тој смета дека на тимот му недостига острина. „Имавме глад, но кога толку многу трчаме, недостига острина и многумина сè уште не се навикнати да играат на ова ниво. “, заклучи македонскиот тренер.