
Фудбалерите на Барселона го освоија Купот на кралот со победа од 3:2 во продолженијата против Реал Мадрид. Драмата на крајот од натпреварот во Севиља ја обележаа сцените на незадоволство од играчите на Реал, а главниот судија на натпреварот Рикардо Де Бургос покажа три црвени картони.
Со изблик на гнев црвен картон заработи Антонио Рудигер, кој фрли предмет кон судијата. Тоа му донесе исклучување, а треба да се види каква ќе биде казната за сето тоа. Црвени картони Де Бургос покажал и на Васкез и Џуд Белингам. Во извештајот по натпреварот Де Бургос објасни зошто ги исклучил тројцата играчи на Реал.
Антонио Рудигер (120. минута)
Ливерпул викендов може да ја освои титулата во Премиер лига ↓↓↓
“Во 120. минута, играчот (број 22) Рудигер, Антонио беше исклучен од следнава причина: за фрлање предмет од техничкиот простор, иако не ме погоди. По покажувањето на црвениот картон, членовите на техничкиот штаб мораа да го задржат, при што покажа агресивно однесување”, напиша судијата.
Лукас Васкез (120. минута)
“Во 120. минута, играчот (број 17) Васкез, Лукас беше исклучен од следнава причина: за протестирање на една од нашите одлуки, при што влезе неколку метри на теренот и гестикулираше изразувајќи незадоволство.”
Џуд Белингам (по натпреварот)
“Во 120. минута, играчот (број 5) Белингам, Џуд беше исклучен од следнава причина: по завршувањето на натпреварот се упати кон нашата позиција со агресивно однесување, при што неговите соиграчи мораа да го задржат.”
Фото: Принтскрин