Дома Останати Кошарка Триумф на Тандер. Само една победа ги дели од титулата во НБА

Триумф на Тандер. Само една победа ги дели од титулата во НБА

Кошаркарите на Оклахома Сити Тандер остварија победа на домашен терен над Индијана Пејсерс со резултат 120:109, со што поведоа 3:2 во финалната серија на НБА која се игра до четири победи. Оклахома Сити е на чекор од трофејот, а првата меч-шанса ќе ја имаат во ноќта на петок кога шестата средба ќе се одигра во Индијанаполис.

Јунак на победата за Оклахома беше Џејлен Вилијамс со 40 поени, четири асистенции и шест скокови. Шej Гилџис-Александер придонесе со 31 поен и 10 асистенции, додека Лугентц Дорт беше прецизен со 3 од 6 тројки, држејќи над 60% успешност за три поени во финалната серија. Арон Вигинс од клупата додаде 14 поени и пет скокови.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Кај Индијана, Халибартон остана без поени од игра, постигнувајќи само четири слободни фрлања со шест асистенции и седум скокови. Неговата успешност од поле беше нула од шест. Против Тандер во досегашната финална серија имаше просек од 17,75 поени по натпревар.

Главно име кај гостите беше Сиакам, кој постигна 28 поени, пет асистенции, шест скокови, заедно со три украдени топки и две блокади. ТиЏеј МекКонел го заврши натпреварот со 18 поени, четири асистенции и четири скокови, додека Арон Несмит постигна 14 поени со 4/5 за три поени.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Со патика го блокираше ривалот: Човекот кој „го претепа“ Јокиќ изведе неверојатен потег на натпревар (Видео)

Шокантен потег изведе кошаркарот на Оклахома Алекс Карузо на натпреварот против Орландо. О…