Дома Фудбал Три сценарија се пред Барселона и Олмо

Три сценарија се пред Барселона и Олмо

Голема неизвесност владее во Барселона во првите јануарски денови бидејќи клубот до почетокот на оваа година не успеа да го реши прашањето за регистрацијата на двајцата фудбалери Дани Олмо и Пау Виктор, па секој следен ден ќе носи неизвесност каква судбина ги очекува овие играчи во продолжението на сезоната.

Со оглед на тоа што каталонскиот великан веќе утревечер ќе игра првиот официјален натпревар во новата година, шпанските медиуми се мошне насочени кон прогнозите каков би можел да биде исходот од борбата на Барселона во случај на регистрација на фудбалерите.


ТЈ како "Дедо Мраз": Кој сака да освои 50.000 € ↓↓↓


„Мундо Депортиво“ дојде до три сценарија кои се пред Барселона и секое од нив со себе носи различна веројатност за реализација, почнувајќи од она кое е најреално во овој момент, а такво никако не оди во корист на великанот од „Камп Ноу“.

Првото е дека Олмо и Виктор ќе останат нерегистрирани бидејќи веќе е сосема извесно дека Ла Лига нема да отстапи околу усогласената регулатива по прашањето на регистрација на споменатите двајца. Во случај да дојде до таков исход, Олмо и Виктор би го поминале остатокот од сезоната во некој друг клуб.

Второто сценарио подразбира дека Ла Лига го одобрила приходот од продажба на ВИП местата што би овозможило правило 1:1. Во тој случај Барселона би можела да доведува нови фудбалери, но не и да ги регистрира Олмо и Виктор поради веќе постоечките потписи.

Третиот исход би ѝ овозможил на Барселона да ги регистрира фудбалерите, но тоа секако би влијаело други клубови да покренат други прашања и да преземат нови мерки, и впечатокот е дека ова сценарио најмалку е возможно.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јунајтед со крената глава заминува од Енфилд🎥

Манчестер Јунајтед одигра храбро на гостувањето кај лидерот Ливерпул, остана непоразен и з…