Дома Фудбал Три континенти, 10 натпревари, 26.000 км:Oва ги чека ѕвездите на Сити во месец ипол

Три континенти, 10 натпревари, 26.000 км:Oва ги чека ѕвездите на Сити во месец ипол

Manchester Evening News истакна можен луд ритам што ги чека некои играчи на Манчестер Сити. Како што наведува, ова се однесува на Едерсон и Савињо, а можно е и Клаудио Ечевери и Витор Реис кои би играле десет натпревари на три континенти по околу 26.000 изминати километри.

“Сите четворица реално би можеле да настапат во последниот натпревар од Премиер лигата за Сити против Фулам во недела, на 25-ти мај. Бразил и Аргентина потоа имаат натпревари 10 дена подоцна, закажани за 4-ти и 9-ти јуни. Освен во случај на повреда, Едерсон и Савињо сигурно ќе бидат повикани во репрезентација и клуб”, се наведува на почетокот од текстот и нивниот можен пат.

Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Потоа Бразил гостува во Еквадор пред да го пречека Парагвај во квалификациите за Светското првенство. Дуото на Сити потоа би било клучно на Светското клупско првенство кое започнува на 14-ти јуни и трае до 13-ти јули. Првиот натпревар на Сити е на 18-ти јуни против Видад АЦ. Доколку Сити оди до крајот на натпреварувањето, Едерсон и Савињо би можеле да одиграат 10 натпревари за седум недели на три континенти.”

Како што се објаснува во текстот, патувањето од Обединетото Кралство до Еквадор, а потоа до Бразил би изнесувало околу 13.000 километри. Потоа следуваат нешто повеќе од 6000 километри до Филаделфија, каде Сити го започнува своето натпреварување на Светското клупско првенство, а останатите два натпревари во групата би вклучиле дополнителни 2000 километри патување.

Максималната оддалеченост што би можел да ја помине Сити за да стигне до финалето би била нешто повеќе од 4000 километри. Тоа би значело вкупна оддалеченост на патување од скоро 26.000 километри низ 10 временски зони, се истакнува во текстот. Англиските медиуми сето тоа го опишуваат како “неиздржливо”.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Влаховиќ го напушта Јувентус за Премиер лигата

Душан Влаховиќ, српскиот напаѓач, не успеа да се адаптира добро во редовите на Јувентус, п…