
Кристијано Роналдо јуниор (14) е повикан во репрезентацијата на Португалија под 15 години. За синот на легендарниот Кристијано Роналдо ова ќе биде деби во националниот дрес, а тоа ќе го запише во Хрватска.
Португалија е еден од учесниците на меморијалниот турнир „Влатко Марковиќ“, кој се одржува од 13-ти до 18-ти мај во Лудбрег, Чаковец, Коториба и Свети Мартин на Мури. Во група А ќе играат Хрватска, Франција, Швајцарија и Романија, а во група Б Англија, Португалија, Јапонија и Грција.
Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Кристијано јуниор се занимава е дел од саудискиот Ал Наср, клуб во кој игра и неговиот татко. И претходно беше во сите клубови во кои настапуваше Роналдо, па така ја помина низ Реал Мадрид, Јувентус и Манчестер Јунајтед.