Дома Фудбал Тренерот на Јувентус направи неочекуван гест кон новинарка на конференција за медиуми (Видео)

Тренерот на Јувентус направи неочекуван гест кон новинарка на конференција за медиуми (Видео)

Лучано Спалети, тренерот на Јувентус, имаше интересна сцена на прес-конференцијата по натпреварот со Лацио, кој заврши нерешено (2:2), кога ја бакна новинарката додека објаснуваше своето мислење за судиските одлуки.

Јувентус успеа да изедначи во последните моменти благодарение на голот на Калулу, иако губеше со 2:0 по погодоците на Педро и Исаксена. Со погодокот на Меккени резултатот беше намален и на крајот речиси драматично изедначен на 2:2, во рамките на 24. коло од Серија А.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


По средбата, кај Јувентус владееше чувство на незадоволство поради спорни судиски одлуки, особено поради поништувањето на голот на Копмејнерс и една ситуација која, според нив, требала да биде пенал. Спалети коментираше дека правилата се премногу строги и во обид да демонстрира разлика меѓу обичен и посилен контакт, се одлучи за необичен потег — бакнувајќи ја новинарката на рамо, создавајќи непријатност.

Поточно, италијанскиот тренер при коментарот за стартот на Кабалу — и се обрати на новинарката Федерика Зиле:

– Стартот може да се протолкува на различни начини. Можам ли да ти гја допрам раката? Можам ли да те бакнам, или пак само да те погалам? Сите тие се облици на контакт, но не се удари –изјави, по што ја бакна новинарката.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шпанците направија споредба: Погледнете колку се променил изгледот на Арбелоа откако е тренер на Реал (Фото)

Шпанскиот стратег Алваро Арбелоа ја презеде тренерската функција на Реал Мадрид пред помал…