Дома Останати Тенис Тренерот на Алкараз ги преудпреди ривалите: Тој не е совршен, туку проект во создавање!

Тренерот на Алкараз ги преудпреди ривалите: Тој не е совршен, туку проект во создавање!

Иако победата во финалето против Јаник Синер му ја донесе титулата на Отвореното првенство на САД и првата позиција на АТП листата, шпанскиот тенисер Карлос Алкараз (22) најмногу е горд за тоа што играше на врвно ниво низ целиот турнир. Според него, до сега не одработил подобар турнир во својата кариера.

“Враќањето на првото место на АТП листата беше еден од моите цели за оваа година. Одигрувањето и освојувањето на гренд слем во финалето ме воведе на врвот на АТП рангирањето. Но, најмногу сум горд што успеав да ја одржам високата форма низ целиот турнир, сите две недели. Верувам дека ова е најдобриот турнир кој сум го играл досега”, изјави Алкараз, кој повторно се искачи на врвот на АТП листата по прв пат по 2023 година.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Неговата победа над големиот ривал Италијанецот Јаник Синер во финалето во неделата ја заврши со резултат 6:2, 3:6, 6:1, 6:4. До титулата стигна губејќи само еден сет, токму во финалето против Синер.

“Пред три години, со победата на Отвореното првенство на САД, ја доби првата гренд слем титула и се чини дека тоа го постигна спонтано и импулсивно. Денес, Алкараз доаѓа на мечеви многу повеќе сконцентриран, справувајќи се подобро со предизвиците во најкритичните моменти, точно знаејќи што треба да прави. Од импулсивната фаза се префрли во период на зрелост. Но, најголемата грешка би била ако мислиме дека е совршен. Тој е и понатаму проект кој се развива, со многу простор за напредок”, рече Фереро (45), кој победи на Ролан Гарос во 2003 година.

Во својата колекција, Алкараз има шест гренд слем титули, двапати победувајќи на Ролан Гарос (2024., 2025.), Вимблдон (2023., 2024.) и Отвореното првенство на САД (2022., 2025.). Се уште му недостасува трофеј од Отвореното првенство на Австралија, каде никогаш не стигнал подалеку од четвртфинале.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Веќе му станува традиција: Алкараз за титулата на УС Опен ќе додаде две нови тетоважи, знае и што!

Шпанецот има многу причини за славење – вторта титула на УС Опен, шести гран слем и …