
Цената од 50 милиони евра за Џанлуиџи Донарума, која ја наложи ПСЖ, се смета за далеку повисока отколку што Манчестер Сити е подготвен да плати, пишува италијанскиот новинар Алфредо Педула.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Сепак, формалните преговори меѓу Сити и ПСЖ околу голманот се веќе започнати. На натпреварот помеѓу ПСЖ и Анжер вчера вечер, Донарума излезе на теренот и се прости од навивачите на клубот, кому му помогна да ја освои Лигата на шампионите минатата сезона.
Италијанецот има уште една година од договорот и ПСЖ сака да го продаде за да може да заработи нешто од неговото заминување.