Ѕвездата на Милан, Рафаел Леао има понуди од неколку европски гиганти, потврди неговиот татко. Леао минатата сезона беше избран за најдобар фудбалер во Серија А, а Милан веќе започна преговори за продолжување на договорот. Меѓутоа, доколку Португалецот не стави потпис на нов договор до лето тогаш „росонерите“ ќе мора да го продадат, а неколку европски гиганти се заинтересирани за него. …
