Рома денеска го официјализираше трансферот на Оле Солбакен.
Станува збор за одличен норвешки офанзивец, кој игра на позицијата десно крило, а Мурињо имаше можност лично да го скаутира во дуелите со Бодо Глимт во Конференциската лига.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Договорот на Солбакен истекува на 31 декември, па тој официјално од 1 јануари 2023 година ќе биде член на Рома која го доведе без обештетување.
Досега оваа сезона, Солбакен постигна четири гола и додаде осум асистенции на 23 натпревари за Бодо Глимт во сите натпреварувања. Тој не можеше да ја одбие поканата на Мурињо и ова е најголемиот чекор во неговата кариера, откако пред две години Бодо за него плати 65.000 евра.
Оттогаш, тој експлодира, постигнувајќи 20 гола и додавајќи 24 асистенции во 91 натпревар за норвешкиот тим.
Official, confirmed. Ola Solbakken joins AS Roma on a free transfer from Bodø Glimt — deal signed until June 2027. 🟡🔴🤝🏻 #transfers
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) November 23, 2022
Solbakken becomes new Roma player starting from January 1st. pic.twitter.com/0xli2Lb8wZ