Манчестер Јунајтед ќе заштеди околу 17 милиони фунти од разделбата со Кристиано Роналдо, откриваат медиумите на Островот.
Како што е познато Роналдо беше најплатениот фудбалер во клубот, но после контроверзното интервју „црвените ѓаволи“ му го раскинаа договорот без било каква компензација.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Така Манчестер Јунајтед ќе заштеди 17 милиони фунти, сума која Роналдо требаше да добие до крајот на договорот.
Новинарот Фабрицио Романо открива дека клубот таа сума ќе ја инвестира во нов напаѓач уште во зимскиот преоден рок.
Прва желба е ѕвездата на ПСВ и холандски репрезентативец, Коди Гакпо чија цена изнесува околу 40 милиони евра.