
Фридкин Група, сопствениците на фудбалските клубови Рома и Евертон, објавија дека разгледуваат нови инвестициони можности за Евертон, што вклучува и потенцијална продажба на контролниот пакет акции.
Во изјавата на клубот се наведува: „Кога Фридкин Група стана чувар на Евертон, клубот се соочуваше со значителни финансиски неизвесности и предизвици како на теренот така и надвор од него. Нашиот приоритет беше да обезбедиме стабилност и инвестиции за да ја осигураме иднината на клубот.“
Фридкин Група го презеде Евертон во 2024 година, четири години по купувањето на Рома од американскиот бизнисмен Џејмс Палота.
„Со основата која е веќе поставена, време е да се разгледа следното поглавје за Евертон. Ќе разгледуваме само понуди од страни за кои веруваме дека ќе бидат вистински чувари на клубот и ќе го продолжат моментумот што е создаден“, додаваат од групата.
Во меѓувреме, Рома продолжува да напредува во Серија А, а неодамна добија зелено светло за изградба на нов стадион, кој се очекува да биде готов до 2029 година и да биде дел од Евро 2032.