Италијанските медиуми ексклузивно пренесуваат дека Сергеј Милинковиќ-Савиќ постигнал договор со Јувентус.
Познато е дека СМС е примарна цел на „бјанконерите“ кои веќе лодолго време работат на трансферот.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Неговиот агент, Матија Кежман имал средба со раководството на Јувентус и договорил четиригодишна соработка со плата од 6 милиони евра по сезона.
Милинковиќ-Савиќ одби да ја продолжи соработката со Лацио, па на лето ќе влезе во последната година од договорот и клубот ќе мора да го продаде.
Поради тоа медиумите тврдат дека цената на трансферот не би требало да изнесува повеќе од 50 милиони евра.