Ѕвездата на Милан, Рафаел Леао има понуди од неколку европски гиганти, потврди неговиот татко.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Леао минатата сезона беше избран за најдобар фудбалер во Серија А, а Милан веќе започна преговори за продолжување на договорот.
Меѓутоа, доколку Португалецот не стави потпис на нов договор до лето тогаш „росонерите“ ќе мора да го продадат, а неколку европски гиганти се заинтересирани за него.
„Преговараме со Милан за продолжување на договорот. Неговиот договор истекува во 2024 година и му даваме приоритет на Милан. Меѓутоа, имаме понуди од Реал Мадрид, Барселона и Челзи“, откри таткото на Леао.