Дома Фудбал Традицијата вели: Македонија денеска ќе победи! (Видео)

Традицијата вели: Македонија денеска ќе победи! (Видео)

Македонската фудбалска репрезентација вечерва од 18 часот на Националната арена „Тодор Проески“ ќе одигра пријателски натпревар против селекцијата на Летонија. Историјата е целосно на страната на „црвено-жолтите“, кои досега петпати се сретнале со овој ривал и секогаш излегле како победници.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Двете селекции последен пат се соочија пред точно една година, на 14 ноември, кога Македонија во Скопје славеше со минимални 1-0 благодарение на погодокот на Серафимов. Во истиот циклус на Лигата на нации, нашите фудбалери беа убедливи и на гостувањето во Рига, каде триумфираа со 3-0 со голови на Атанасов, Ќамили и Елмас.

Претходно, во квалификациите за Европското првенство во 2019 година, Македонија исто така забележа две победи – 2-0 во гости и 3-1 на домашен терен. Статистиката е јасна: Летонците досега не успеале да ни се спротивстават, а избраниците на селекторот Благоја Милевски ќе се обидат да ја продолжат победничката низа и вечерва во Скопје. Првиот меч меѓу Македонија и Летонија беше во Скопје во 2014 година. Како и денеска, тоа беше пријателски натпревар, победивме со 2-1. Вкупно на средбите со Летонците сме постигнале 11, а сме примиле само два гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тотенхем не губи време: договори уште еден дефанзивец од Премиер лигата

Тотенхем постигна договор со колегите од Брајтон за дефанзивецот Јаан Пол ван Хеке, пренес…