Искусниот шпанскит напаѓач Фернандо Торес ги брои своите последни денови во Атлетико Мадрид, клубот каде што израсна и прерасна во вистинска легенда.
После завршувањето на оваа сезона, Торес ќе го промени клубот, а истакнува дека најдобар можен начин за крај за него би било освојување на Лигата на Европа.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Пред нас е исклучително важен натпревар кој малку ја стави втор план мојата одлука за заминување. Бидејќи сум спремен за големото финале, не размислувам премногу за тоа иако длабоко во себе сум свесен дека дојдов до крајот. Емоциите секако се присутни, но фокусиран сум исклучиво на финалето“.
„Освојувањето на Лигата на Европа со Атлетико за мене би претставувало најдобар можен крај. Како дете сонував да освојувам трофеи со Атлетико, а ова е идеална прилика да го остварам својот сон“, изјави Торес.
Заминувањето на Торес од Атлетико не значи и негов крај на кариерата, засега се споменуваат неколку потенцијални дестинации, но ништо не е потврдено.