Американскиот кошаркар Томас Брајант е ново засилување на Лос Анџелес Лејкерсза следната сезона, откако потпиша едногодишен договор.
Лејкерс го враќа 24-годишниот центар во свои редови, откако првите минути во НБА-лигата ги одигра токму во дресот на тимот од Лос Анџелес.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Брајант беше избран на драфтот во 2017 година како 42. пик од Јута, која потоа го испрати во Лејкерс заедно со Џош Харт во замена за Тони Бредли.
По крајот на сезоната Брајант беше отпуштен, па набрзо потпиша договор со Вашингтон Визардс, а таму се покажа како одличен кошаркар, иако имаше проблеми со повреди.
Free agent Thomas Bryant has reached an agreement with the Los Angeles Lakers on a one-year deal and will be given opportunity to win starting center position, league sources tell @YahooSports: https://t.co/J6Rg5ECNuf
— Chris Haynes (@ChrisBHaynes) July 6, 2022