Шпанскиот голман Серхио Рико, кој е член на ПСЖ се наоѓа во болница на интензивна нега откако утринава паднал при јавање коњ во Севиља. Тој итно бил пренесен во болница со хеликоптер и неговата состојба е многу тешка, пренесуваат шпанските медиуми. ПСЖ ја потврди веста дека Рико се наоѓа во болница и е во контакт со семејството на голманот. Шпанскиот …