Реал Мадрид одлучи на крајот на сезоната да си го врати Брахим Дијаз, кој е на позајмица во Милан.
Шпанецот е во сопственост на Реал Мадрид, но веќе трета сезона е на позајмица во Милан.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Милан може да го купи Дијаз за 22 милиони евра на крајот на сезоната, но Реал има опција да го врати за 5 милиони евра повеќе.
Наводно „кралевите“ веќе го известиле Милан дека сакаат да го вратат Шпанецот во своите редови и ќе ја платат разликата од 5 милиони евра.
Брахим Дијаз игра добра сезона на „Сан Сиро“, а Реал ќе му понуди нов, побогат договор до 2027 година.
Во Реал веруваат дека Дијаз ќе биде идеална замена за Асенсио, кој заминува како слободен агент.