Дома Фудбал Останато Голманот на ПСЖ се бори за живот – паднал од коњ

Голманот на ПСЖ се бори за живот – паднал од коњ

Шпанскиот голман Серхио Рико, кој е член на ПСЖ се наоѓа во болница на интензивна нега откако утринава паднал при јавање коњ во Севиља.

Тој итно бил пренесен во болница со хеликоптер и неговата состојба е многу тешка, пренесуваат шпанските медиуми.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


ПСЖ ја потврди веста дека Рико се наоѓа во болница и е во контакт со семејството на голманот. Шпанскиот голман вчера беше резерва на натпреварот против Стразбур, а утрово заминал за Андалузија каде што ја доживеал сериозната несреќа.

За сериозноста на падот доволно говори и фактот дека медицинската екипа морала да го интубира голманот, а тој во полусвесна состојба бил пренесен во болницата. 

„Во овој момент Рико е во тешка состојба“, изјави кратко за медиумите портпарлот на ПСЖ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Во Леверкузен ќе има улица која ќе го носи името на Чаби Алонсо?

Германскиот Шпигел пренесува дека постои можност во блиска иднина шпанскиот фудбалски стра…