Дома Трансфер зона Toтенхем замена за Лорис носи од Италија?

Toтенхем замена за Лорис носи од Италија?

Голманот на Емполи, Гиљермо Викариo е на чекор од трансфер во редовите на Тотенхем.

Како што пренесуваат британските медиуми, двата клуба го договориле трансферот вреден 17.2 милиони фунти (20 милиони евра). Викариo настапуваше за Емполи откако замина од Каљари во 2021 година.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Според информациите на експертот за трансфери, Фабрицио Романо, „петлите“ се договориле за петгодишен договор со италијанскиот голман.

Кон Викарио, Тотенхем се насочи откако прв пик им беше Давид Раја од Брентфорд, но за него не беа спремни да платат 40 милиони фунти, колку што наводно бара англискиот клуб.

Ќе потсетиме, Уго Лорис кој во овој момент е помеѓу стативите на Тотенхем јавно кажа дека сака да го напушти Тотенхем во потрага по нов предизвик.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…