Maкедонија денес и официјално остана без директно место во ракометната Лига на шампионите, шансата за место во елитното натпреварување македонските клубови сега ќе ја бараат преку аплицирање за вајлд-карта.
На листата на ЕХФ, Македонија е на 13-тата позиција и забележа пад од дури пет места на клупската ранг-листа за сезоната 2024/2025. Од наредната сезона и македонскиот шампион кој досега имаше директно место ќе мора да се надева на милост на ЕХФ која претходно најави поригорозни проверки за местото во ЛШ.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Причината за падот на листата се должи на крајот на резултатот кој го обезбеди Вардар со одличните сезони во Лигата на шампионите и двете европски титули, како и редовните пласмани во осминафиналето.
За ранг-листата која од денес е важечка во предвид сеземаа резултатите на тимовите од сезоните 2020/2021, 2021/2022 и 2022/2023.