Дома Тикет на денот Тикет на денот (сабота, 20.12.2025)

Тикет на денот (сабота, 20.12.2025)

Уште малку остана до оваа календарска година, а потоа ќе имаме кратка пауза во некои лиги околу божиќните празници. Oва е нашиот предлог тикет за денес.

Борнмут – Барнли – 1 @ 1.45 во BC.Game

Сведоци бевме на еден спектакуларен натпревар кој ни го прикажа тимот на Борнмут во последното коло каде што издвоија реми на натпреварот против Манчестер Јунајтед и зедоа важен бод. За овој тим најважно е да бидат на сигурно бидејќи приоритет им е навремениот опстанок. Гостите пак се во опасната зона и важат за едни од поголемите фаворити за елиминација, но до крајот има уште многу и рано е да им пресудиме. Ние овде типуваме 1 со квота 1.45 во Bc.Game.

Штутгарт – Хофенхајм – ГГ @ 1.44 во 22Bet

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Овде имаме дуел на две екипи кои имаат солидни изданија досега во германската Бундеслига. Швабите после серијата неуспеси, во последното коло запишаа победа и зедоа три бода од натпреварот против Вердер каде што остварија убедлив триумф со резултат 4-0. На гости им доаѓа тимот од Синсхајм кој оваа година е многу сериозен во намерата да излезат во ЛШ, но прашање е дали ќе успеат во тоа со оглед на тоа дека имаат сериозна конкуренција. Како и да е, головите на овој натпревар не би требало да изостанат, а ние типуваме ГГ со квота 1.44 во 22Bet.

Реал Мадрид – Севиља – 1/1 @ 1.62 во 20Bet

Кралевите направија неколку неочекувани киксови, а во претпоследното коло тотално изненадија откако запишаа пораз од Селта, но сепак во следниот натпревар се оправдаа за грешката и победија против Алавес. Сето тоа е доволно за да бидат на втората позиција на табелата со 4 бода помалку од лидерот Барса. На гости овој пат им доаѓа Севиља, тимот кој никако не може да влезе во добра серија резултати и игра доста променливо. Како и да е, Реал Мадрид е овде огромен фаворит, а ние очекуваме да издвојат лесна победа. Типуваме 1/1 со квота 1.62 во 20Bet.

Лацио – Кремонезе – 3+ @ 2.00 во Bet365

Лацио оваа година предвидуваме дека ќе имаат доста големи проблеми околу пласманот во европските купови. Тие досега собраа 22 бода од 15 натпревари и во моментов имаат заостаток зад екипите кои се во европската зона. На гости им доаѓа Кремонезе, тимот кој игра изненадувачки добро и за нив е одлично што се на средината на табелата, а како што стаојат работите засега не би требало да имаат проблеми околу опстанокот. Овде се надеваме дека ќе гледаме ефикасен дуел и типуваме 3+ со квота 2.00 во Bet365.

ВКУПНО КОЕФИЦИЕНТ ЗА ОВОЈ ТИКЕТ ВО Bet365: 6.77

*Коефициентите од Bet365 се преземени на 20.12.2025 во 07:30 часот*

Извор: Тикет на денот од Kladenje.mk

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тикет на денот

Проверете

Тикет на денот (понеделник, 23.03.2026)

Од денес, па во наредните неколку дена, понудата ќе биде доста лоша, па после тоа ќе биде …