Дома Тикет на денот Тикет на денот (недела, 01.06.2025)

Тикет на денот (недела, 01.06.2025)

Тикет на денот

Денес имаме солидна понуда, па искрено и немавме проблем при изборот на натпревари за денешниот тикет. Ова е нашиот предлог.

Коринтианс – Виториа – 1 @ 1.67 во Mozzart

На почетокот на сезоната, тимот на Коринтианс влезе со големи амбиции, поточно тие целат кон врвот на табелата. Засега може да кажеме дека не им оди според планот со оглед на тоа што се на 8-то место и имаат голем бодовен заостаток зад Палмеирас. Гостите пак не прикажаа ништо посебно досега и оправдано се дел од црвената зона, а ако продолжат со ова темпо ќе имаат голема борба за опстанок. Овде ние предност даваме на Коринтианс и типуваме 1 со квота 1.67 во Mozzart.

Јаро – Интер Турку – 2 @ 1.57 во BC.Game

Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓


Екипата на Јаро е на долниот дел на табелата и од 8 изиграни натпревари собраа 8 бода, а искрено тоа не е некој импресивен учинок. Интер Турку пак е на 2-то место со 4 бода помалку од лидерот КуПС, но има изиграно и помалку натпревари од нив, па може да кажеме дека тоа и не е толку страшно. Исто така сакаме да нагласиме дека Интер Турку е единствениот тим во лигата кој нема пораз. Гостите на овој натпревар се издвојуваат како фаворити, а веруваме и дека ќе ја оправдаат таа улога. Наш предлог е 2 со квота 1.57 во Bc.Game.

Алмериа – Тенерифе – 1/1 @ 1.62 во Bet365

Алмериа во моментов е во зоната за плеј оф и преку ова доигрување може да стигнат до шпанската елитна Ла Лига. Сепак нивниот пласман не е сигурен бидејќи, Гранада има само еден бод помалку од нив. Добро е тоа што во овој последен натпревар за оваа сезона на гости им доаѓа Тенерифе, тимот кој е веќе елиминиран и ќе се пресели во понизок ранг, па за нив овој натпревар нема никакво резултатско значење. Домаќините немаат право на кикс на овој натпревар, а ние очекуваме победата да ја запишат уште во првото полувреме. Типуваме 1/1 со квота 1.62 во Bet365.

ВКУПНО КОЕФИЦИЕНТ ЗА ОВОЈ ТИКЕТ ВO Bet365: 4.25

*Коефициентите од Bet365 се преземени на 01.06.2025 во 07:30 часот*

Извор: Тикет на денот од Kladenje.mk

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тикет на денот

Проверете

Тикет на денот (понеделник, 02.06.2025)

Наредниве два дена ќе бидат тешки за љубителите на спортското обложување бидејќи понудата …