
Денешниот ден ни носи спектакуларни натпревари од европските натпреварувања, поточно на „менито“ ги имаме дуелите од Лига Европа. Ова е нашиот предлог тикет за денес.
Фенербахче – Астон Вила – Т22+ @ 2.20 во BC.Game
Фенербахче во овој момент се наоѓа на 12-то место на табелата со 11 освоени бода и тоа е доволно за пласман во 1/16 финалето од ова натпреварување. Досега оваа екипа изигра шест дуели и запиша и запиша три победи, две реми и само еден пораз, а на последниот натпревар победија против Бран со 4-0. Англичаните пак се едни од поголемите фаворити за титула во ова натпреварување. Тие забележаа одлични резултати досега и пет пати победија, а само еднаш беа поразени. Иако Астон Вила во последно време игра нешто послабо, сепак сметаме дека на овој натпревар ќе постигнат два погодоци, па ние типуваме Т22+ со квота 2.20 во Bc.Game.
Јанг Бојс – Лион – ГГ3+ @ 2.05 во 22Bet
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Тимот на Јанг Бојс на само две кола пред крајот од лига делот е стациониран на 21-то место на табелата со девет освоени бода и тоа што мора да кажеме е дека швајцарскиот претставник се уште нема обезбедено пласман во нокаут фазата, а тоа е примарна цел за овој тим. Лион има многу покажано во ова натпреварување, па општиот впечаток за нив е фантастичен и тоа се докажува со моменталната позиција на табелата. Како и да е, овде ние очекуваме ефикасен натпревар и решивме да типуваме ГГ3+ со квота 2.05 во 22Bet.
Салзбург – Базел – Х2&2+ @ 1.93 во Bet365
Салзбург искрено не се прослави досега во Лига Европа и тие се дури на 31-та позиција на табелата, а тоа воопшто не е чудно со оглед на фактот дека досега запишаа една победа и дури пет порази. Базел од друга страна се за нијанса подобри и тие во моментов се на 26-то место со шест освоени бода, а искрено немаат големи шанси за да стигнат до вториот дел од ова натпреварување. Ние на овој натпревар очекуваме гостите да останат непоразени, а притоа да се постигнат и најмалку два погодоци. Коефициентот за Х2&2+ изнесува 1.93 во Bet365.
ВКУПНО КОЕФИЦИЕНТ ЗА ОВОЈ ТИКЕТ ВО Bet365: 8.70
*Коефициентите од Bet365 се преземени на 22.01.2026 во 08:30 часот*
Извор: Тикет на денот од Kladenje.mk