Дома Фудбал Германија Teжок удар за Баерн: Без еден од најважните неколку месеци!

Teжок удар за Баерн: Без еден од најважните неколку месеци!

Баерн Минхен во наредните неколку месеци ќе мора да игра без одличниот стопер Николас Суле.

Стоперот на репрезентацијата на Германија и Баерн го повреди предниот лигамент на левото колено во текот на гостинскиот натпревар против Аугусбург (2:2).

Време е за спектакл: Македонија - Белгија! ↓↓↓


Клупскиот доктор Ханс-Вихлем Милер најави дека Суле ќе мора да оди на операција и ќе биде надвор од тимот барем неколку месеци.

Поранешниот играч на Хофенхајм беше стандарден оваа сезона и одигра осум натпревари во Бундес лигата и два во Лигата на шампионите, а во првите 11 на Баерн би требало да го менува Жером Боатенг или по потреба Лукас Ернандез кој може да игра како лев бек и стопер.

Повредата на Суле доаѓа во многу лош момент бидејќи Баерн го очекуваат четири натпревари во десетина дена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Анчелоти го најде виновникот за лошото деби со Бразил

Карло Анчелоти направи кикс на новиот почеток на 66 години. Во првиот натпревар како селек…