Дома Останати Тенис Тенисерката која е 12-та во светот поради Путин го смени државјанството – ќе игра за Австралија!

Тенисерката која е 12-та во светот поради Путин го смени државјанството – ќе игра за Австралија!

Познатата руска тенисерка Дарија Касаткина најави промена на националноста и во иднина ќе настапува под австралиското знаме.

Касаткина ја претставуваше Русија на сите натпреварувања каде учествуваше, но потоа се дистанцираше од сите одлуки на Владимир Путин и сега одлучи да го промени државјанството.

Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони


Најави дека нејзината нова база ќе биде Мелбурн, градот домаќин на првиот од четирите Гренд слема во сезоната.

Инаку, таа е една од ретките или единствената руска спортистка која ги бранеше украинските колеги по руската инвазија, а во 2022 година јавно проговори за нејзината хомосексуалност.

Нејзината партнерка е лизгачката Наталија Забијаќо.

Да додадеме дека Думата, руското советодавно тело, еднаш размислуваше да ја прогласи Касаткина за “странски агент”.

Вреди да се потсети дека руските играчи не можат да играат под руското знаме уште од почетокот на војната во Украина и не можеа да ја претставуваат својата земја од 2022 година.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓорческа ѝ пресуди на Золотарева и обезбеди четвртфинале во Куршумлиска Бања

Лина Ѓорческа имаше блескав настап на турнирот во Куршумлијска Бања, Србија, совладувајќи …