Иднината на Кристиан Ериксен во Тотенхем е неизвесна, а денес и менаџерот Маурисио Покетино јавно го призна тоа. Двете страни не можат да се договорат за продолжување на соработката, иако Тотенхем му нуди двојно поголема плата на данскиот плејмејкер. Договорот на Ериксен со Тотенхем истекува во јуни 2020 година, а силен интерес за него покажуваат Реал Мадрид, Барселона и ПСЖ. …