Дома Трансфер зона Тотенхем спрема изненадувачки трансфер!

Тотенхем спрема изненадувачки трансфер!

Тотенхем е во потрга по нов напаѓач кој ќе го замени повредениот Хари Кејн и може да го привлече напаѓачот на Вест Хем, Енди Керол, пренесуваат медиумите на Островот.

Маурисио Покетино има големи кадровски проблеми, особено во нападот, па ќе мора да најде решение во зимскиот преоден рок. Кејн ќе биде во аут цели два месеци, Сон во моментов е на Копа Азија.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Синоќа се повреди и Деле Али, за кого се уште не се знае колку време ќе биде надвор од терените. Па така единствен напаѓач во тимот е Фернандо Љоренте.

Англиските медиуми пренесуваат дека Керол ќе биде најефтина варијанта за Тотенхем бидејќи можат да го донесат за само 2 милиони фунти. Причината за тоа е што договорот на 30-годишниот напаѓач со Вест Хем истекува на крајот на сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Челзи и Јувентус се „тепаат“ за дефанзивец на Атлетико

Челзи и Јунтус се борат за потписот на дефанзивецот на Атлетико, Марио Хермосо, пренесуваа…