Македонската кошаркарска репрезентација денеска го започнува својот настап во претквалификациите за Светското првенство во 2027 година. Првиот предизвик за избраниците на селекторот Марјан Илиевски е натпреварот против селекцијата на Романија, кој ќе се одигра вечерва во спортската сала во Куманово. Интересот за мечот е огромен – сите билети се распродадени, а салата ќе биде исполнета до последното место. Домашната публика …