Селекторот на македонската репрезентација Кирил Лазаров направи една измена од првиот натпревар против Романија за денешниот реванш. Ново име во нашиот ростер е Ненад Костески кој во тимот ќе добие шанса на местото на Марко Митев. Измена направија и Романија кои го пријавија десниот бек Хавиер Гаминде Хумет од Диннамо Букурешт. Поради приватни причини тој го пропушти натпреварот во Скопје. …