Словачка и Украина одиграа 1:1 во последното коло од групата „Е“ на Европското првенство.
Пред да биде одигран натпреварот беше познато дека со реми двете репрезентации ќе се пласираат во следната фаза. Словачка поведе со голот на Ондреј Дуде во 24. минута, а конечниот резултат го постави Разван Марин со голот во 37. минута.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Украина и Белгија во вториот натпревар исто така одиграа 1:1, па сите четири екипи имаа по четири бода. За Украина да помине потребна и беше победа, меѓутоа не успеа да дојде до истата, па заврши како последна поради најслабата гол-разлика.
Навивачите на Украина беа лути поради ремито на Словачка и Романија и обвинуваа дека двете селекции си се договориле така да одиграат. Тоа го натера романскиот селектор Едвард да се огласи во јавноста.
„Некои луѓе треба да ни се извинат. Двете репрезентации даваа се од себе во текот на 90 минути. Нечесно и срамно е да се фрла дамка на нашето достинство. Романија покажа карактер. Скоро цел стадион беше полн со наши навивачи. Се надевам дека ќе имаме добра игра и во нокаут фазата, сакам да стигнеме што е можно подалеку“, изјави романскиот селектор.