Репрезентацијата на Белгија ја надигра и победи Романија со 2:0, па не очекува драматична и неизвесна завршница во третото коло од Групата Е.
Мечот започна одлично за Белгија која дојде до водство после само 74 секунди игра со голот на Тилеманс на асистенција на Лукаку.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Лукаку повторно и на овој не се запиша во листата на стрелците, а имаше неколку одлични шанси. Во 64-та минута ја затресе противничката мрежа, но ВАР го поништи голот поради офсајд.
Надмоќта на Белгија конечно ја материјализира Де Брујне во 80-та минута кога ги постави конечните 2:0.
После две одиграни кола сите четири репрезентации имаат по три освоени бода и со поддеднакви шанси влегуваат во третото коло.