Работнички го претстави најновото засилување во своите редови за претстојната сезона – бразилскиот офанзивец Калани Карилјо Дос Сантос Алмеида. Овој 24-годишен фудбалер од Бразил потпиша договор на две години со скопскиот клуб, и доаѓа од Словенија, каде што минатата сезона настапуваше за екипата на Толмин. Во дресот на словенечкиот клуб, Алмеида се истакна со седум постигнати голови и една асистенција …