Дома Фудбал Вардар триумфира против Работнички во скопското дерби

Вардар триумфира против Работнички во скопското дерби

Во рамки на 32. коло од Првата македонска фудбалска лига, Вардар славеше минимално со 1-0 над градскиот ривал Работнички, благодарение на погодок од пенал на Закариќ во второто полувреме.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Скопското дерби овој пат не помина со многу возбудувања, затоа што немаше поголема резултатска важност.

И покрај слабиот интензитет и скромните шанси, пеналот досуден во корист на „црвено-црните“ беше доволен за трите бода, со што Вардар ја потврди својата доминација во оваа пресметка.

Останати резултати:

Работнички – Вардар 0-1
Шкупи – Тиквеш 1-1
Силекс – Пелистер 0-0
Струга – Брера 1-1
Беса – Воска (3-0 службен резултат)
Гостивар – Шкендија (0-3 службен резултат)

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Нови предизвици за претседателот на Реал Мадрид? Излезе кандидат кој има амбиции да го замени на престолот

Шпанскиот бизнисмен Енрике Рикелме најави дека планира да се кандидира за претседател на ф…