Дома Фудбал Работнички се засили со Бразилецот Алмеида

Работнички се засили со Бразилецот Алмеида

Работнички го претстави најновото засилување во своите редови за претстојната сезона – бразилскиот офанзивец Калани Карилјо Дос Сантос Алмеида.

Овој 24-годишен фудбалер од Бразил потпиша договор на две години со скопскиот клуб, и доаѓа од Словенија, каде што минатата сезона настапуваше за екипата на Толмин. Во дресот на словенечкиот клуб, Алмеида се истакна со седум постигнати голови и една асистенција на 31 одигран натпревар.

Пред да заигра во Словенија, Алмеида бил дел од неколку клубови во родната земја, меѓу кои Атлетико Минеиро, Ботафого од Параиба и Маринга, а има и запишани настапи за словенечката Горица.

Фото: Facebook/ФК Работнички

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Србија се бори за опстанок во Лигата на нации

Фудбалската репрезентација на Србија се соочува со клучен натпревар против Холандија во об…