Надлежната комисија на ФФМ, ја одби жалбата која ја поднесе Академија Пандев во која Струмичани побараа службен триумф и три бода на нивното конто на табелата, како санкија за Шкендија. Академија Пандев во својата жалба како причина го посочи неиграњето на младинец во тимот на Шкендија во одреден дел од првото полувреме, кога во 21. минута беше исклучен Енис Фазлагиќ. …