Реал Мадрид би можел да направи прилично изненадувачки потег на трансфер пазарот и да го врати Каземиро од Манчестер Јунајтед во јануари, тврди Тривела.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Од „Сантијаго Бернабеу“ забележаа дека заминувањето на Тони Крос оставило сериозна дупка во средниот ред и затоа веруваат дека Каземиро може да помогне во оваа ситуација. Бразилецот може да има важна улога и на теренот и во соблекувалната на Реал Мадрид.
32-годишниот фудбалер има договор со Манчестер Јунајтед до 2026 година, но не е задоволен од својот статус во тимот, а и „црвените ѓаволи“ се спремни да го пуштат.
Каземиро најголемиот дел од својата кариера го помина во Реал Мадрид, каде што играше од 2015дои 2022 година. За „кралевите “ има 336 натпревари, 31 гол и 29 асистенции.