Oфанзивецот на Челзи, Кристофер Нкунку сака да го напушти клубот во текот на зимскиот преоден рок.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Францускиот напаѓач е во втор план кај Енцо Мареска и поголема минутажа добива само во Конференциската лига.
Рака за спас му дава големиот ривал Манчестер јунајтед, кој наводно е подготвен да плати 60 милиони евра за услугите на Французинот.
„Ѓаволите“ претходно сакаат да го продадат Џошуа Зиркзе кој пристигна од Болоња, но се покажа како големо промашување во досегашниот дел од сезоната.
Нкунку е фудбалер кој има 26 години и може да покрие повеќе позиции во нападот.