Дома Останати Надал бесен: Три дена за една суспензија е многу?!

Надал бесен: Три дена за една суспензија е многу?!

Првиот тенисер на светот, Рафаел Надал ги критикуваше денес организаторите на УС Опен, бидејќи им беа потребни три дена да го суспендираат италијанскиот тенисер, Фабио Фоњини, кој го навредуваше судијата во текот на мечот од првото коло.

Фоњини го навредуваше судијата, Луиз Енгзел во текот на поразот во првото коло од УС Опен од сонародникот, Стефан Таваље.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тој потоа играше два меча во дабл, откако организаторите го дисквалификуваа од натпреварувањето. Во образложанието се наведува дека комисијата чекала превод.

„Три дена за тоа? Не верувам. Тој од тој инцидент победи во два меча. Тоа не е идеална ситуација. Би било подобро тоа да беше сторено веднаш, а не три дена подоцна“, истакна Надал, пренесуваат британските медиуми.

Фоњини пак од друга страна, преку својот твитер профил се извини поради своето однесување.

„Им се извинувам на навивачите и на судијата. Тоа беше многу лош ден, но тоа не го оправдува моето однесување н мечот. Иако избрзав и иако мислев дека сум во право во многу ситуации, во текот на расправијата погрешив. На крајот на краиштата, тоа е само тениски меч“, истакна Фоњини.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Надал испадна од турнирот во Мадрид

Чешкиот тенисер Јиржи Лехечка, 31. на АТП-листата, го победи легендарниот шпански тенисер …